(ВИДЕО) Апел за поддршка на црквата „Св. Троица“ во село Раштани
Со голема љубов, вера и посветеност продолжува обновувањето и уредувањето на црквата „Св. Троица“ во село Раштани. Со заеднички сили се работи на уредување на црквата и црковниот двор, со цел ова свето место да биде уште поубаво и подостоинствено за сите верници.
Од управниот одбор ги повикуваат сите верници, добронамерни луѓе и компании кои се во можност да помогнат со донација, материјали или доброволна работа.
„Секоја помош, без разлика колку е голема или мала, ни значи многу и придонесува за обновата на нашиот храм. Ве молиме да ни помогнете и со споделување на овој апел, за да стигне до што повеќе луѓе. Да бидеме обединети во верата и добрината и заедно да ја сочуваме и разубавиме нашата црква „Св. Троица“ – село Раштани“. Бог да ги благослови сите што помагаат!, се вели во апелот.
@svtrojcaveles 🙏 СО ЉУБОВ И ВЕРА ЗА НАШАТА ЦРКВА „СВ. ТРОИЦА“ ⛪❤️ Со голема љубов, вера и Божја помош, сами чекор по чекор се трудиме да ја средиме и разубавиме нашата црква. Секој ден вложуваме труд, време и срце, но за да продолжиме со започнатото ни е потребна и вашата поддршка. Секој што сака и може, нека помогне со донација, со труд или со добро дело. Не е важно колку е голема помошта – важно е да е од срце. ❤️ 🙏 Со Божја помош и со заеднички сили, можеме многу повеќе. 🏦 СМЕТКА ЗА ДОНИРАЊЕ: 210 501663736483 IBAN: MK07210501663736483 SWIFT: TUTNMK22 Банка: NLB Banka AD Skopje 📍 Црква „Св. Троица“ – с. Раштани Од срце им благодариме на сите кои досега помогнаа и на сите кои ќе ни дадат поддршка. ❤️ Бог да ви даде здравје, среќа и да ви возврати со добро за секое добро дело! 🙏⛪#site #spodeli #vernici ♬ Пред Богом – Relja
