Sign In

Блог

Последни вести
Повик до сите верници: Да помогнеме во изградбата на храмот „Свети Трифун“

Повик до сите верници: Да помогнеме во изградбата на храмот „Свети Трифун“

Започната е иницијатива за изградба на новиот храм „Свети маченик Трифун“ во месноста Стари Лозја, Банево Трло, а организаторите преку социјалните мрежи упатија повик до сите верници и луѓе со добра волја да се приклучат кон ова значајно духовно дело.

Во својата објава тие истакнуваат дека од стариот храм денес останале само спомените, но верата и желбата за негово возобновување останале силни. Затоа, како што велат, чекор по чекор започнува изградбата на новото светилиште, кое нема да биде создадено само од камен, туку и од љубов, вера, труд и заедништво.

Од иницијативата ги повикуваат сите кои се во можност да помогнат со донација, а оние кои не можат финансиски да придонесат, барем да ја споделат информацијата и да помогнат повикот да стигне до што повеќе луѓе.

„Ако можеш – помогни. Ако не можеш – сподели и рашири го гласот. Можеби токму твоето споделување ќе стигне до некого кој ќе стане дел од ова свето дело“, порачуваат организаторите.