Sign In

Блог

Последни вести
Хуманитарен повик: Да ја обновиме заедно црквата „Св. Троица“

Хуманитарен повик: Да ја обновиме заедно црквата „Св. Троица“

Од црквата „Св. Троица“ во село Раштани упатија хуманитарен повик до сите верници, жители и луѓе со добро срце да помогнат во уредувањето и доградбата на храмот.

Во објавата на нивната официјална Фејсбук страница „Св.Троица Село Раштани“ се наведува дека црквата не претставува само објект, туку место кое има големо значење за заедницата – простор каде луѓето се собираат, се молат и ги споделуваат најважните животни моменти.

Во моментов се работи на подобрување на условите во црквата, при што се гради кујна, се уредуваат простории и се реализираат активности за доградба на храмот.

„Работиме со свои раце, со љубов и доброволна помош, но за да ја завршиме оваа света работа ни е потребна и финансиска поддршка“, стои во повикот објавен на Фејсбук.