(ФОТО) Со вера во Бог и заедништво поставен величествен крст висок 12 метри!
Во селото Славеј, Општина Кривогаштани, беше поставен крст висок 12 метри.
Организаторите упатија голема благодарност до сите компании и поединци кои помогнаа во реализацијата на оваа значајна иницијатива.
Активностите продолжуваат и во наредниот период, кога е планирано осветлување на Светиот крст и дополнително уредување на паркот, со цел просторот да добие уште поубав изглед и да стане место за собирање и дружење на граѓаните.
