(ВИДЕО) Почнува изградба на крст во Љубанци висок 33 метри
Во селото Љубанци започнува реализацијата на проектот за изградба на голем крст висок 33 метри, кој ќе претставува духовен симбол на верата и заедништвото.
Од организацискиот одбор соопштија дека изградбата ќе се реализира со поддршка од граѓаните и ги повикаа сите кои се во можност да дадат свој придонес преку доброволни донации.
„Со Божја милост и благослов, полека започнуваме со изградбата на Крстот во село Љубанци, кој ќе биде висок 33 метри. Да се сплотиме сите заедно и секој според своите можности да помогне во реализацијата на овој проект“, порачаа иницијаторите.

