(ВИДЕО) Светиот Крст над село Талашманце – симбол на вера, љубов и заедништво
Над село Талашманце, Кратовско, свечено беше подигнат светиот Крст, кој ќе остане како траен симбол на верата, љубовта и надежта за жителите на селото и сите луѓе кои помогнаа во неговата изградба.
Од иницијативниот одбор и жителите на Талашманце упатија голема благодарност до сите дарители, помагачи и добронамерни луѓе кои со својата поддршка придонесоа за реализацијата на ова свето дело.
„Со голема почит и неизмерна благодарност им упатуваме искрено Бог да ве благослови на сите добри луѓе кои на кој било начин помогнаа, донираа и дадоа свој придонес за подигнувањето на светиот Крст“, стои во нивната порака.
Како што посочуваат, овој чин е доказ дека со вера, заедништво и заедничка сила можат да се создадат дела кои ќе останат за идните генерации.
„Вашите донации, труд, време и добра волја се вградени во ова свето дело кое ќе биде симбол на верата, љубовта и заедништвото на нашиот народ“, додаваат тие.
Жителите на Талашманце им се заблагодарија на сите дарители, без разлика на големината на придонесот, нагласувајќи дека секоја помош била значајна за реализацијата на проектот.

