Sign In

Блог

Последни вести
Поставен крстот „Св. Тројство“ кој треба да биде осветен на 31 мај

Поставен крстот „Св. Тројство“ кој треба да биде осветен на 31 мај

Големиот крст „Св. Тројство“ во општина Младо Нагоричане, е целосно поставен и подготвен за осветување, кое е најавено за 31 мај.

Станува збор за значаен духовен симбол кој ќе го краси овој крај и ќе претставува место на вера, молитва и духовно обединување за жителите од општината и околните населени места.

Поставувањето на крстот предизвика големо внимание кај верниците, кои со задоволство ја поздравија реализацијата на овој проект.