Sign In

Блог

Последни вести
(ВИДЕО) Поставен крст висок 15 метри кој ќе биде заштитник на верата и заедништвото

(ВИДЕО) Поставен крст висок 15 метри кој ќе биде заштитник на верата и заедништвото

Во населбата Глишиќ во Кавадарци беше поставен голем христијански крст, кој ќе претставува симбол на верата, духовноста и заедништвото на жителите од овој дел на градот.

Иницијативата за поставување на крстот е реализирана по барање и со финансиска поддршка од Месната заедница Глишиќ, додека изведбата на работите ја врши ЈП „Комуналец“ со поддршка од Општина Кавадарци и повеќе општествено одговорни компании.

Станува збор за импозантен христијански симбол кој ќе биде висок 15 метри, со распон од 10 метри и е биде поставен на видлива локација во населбата.