(ВИДЕО) Духовен чувар и симбол на верата: Поставен висок крст во црквата во Идризово
Во Идризово свечено е поставен и осветен крстот на храмот „Воведение на Пресвета Богородица“, кој доминира над целиот простор и, како што велат од црковната заедница, ќе претставува духовен чувар и симбол на верата за жителите на овој крај.
Настанот се случи на 28 април 2026 година, кога беше поставен и осветен камен-темелникот на крстот. Речиси еден месец подоцна, крстот е успешно издигнат над храмот и веќе ја краси околината на Идризово.
„Крстот е чувар на сета Вселена. Крстот е украс на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е зацврстување на верните, Крстот е слава на ангелите, Крстот е рана за демоните.
Нека е од Бог благословено“, се вели во објавата.
Фото: Храм ,,Воведение на Пресвета Богородица-Пречистаʼʼ- Идризово
