(ВИДЕО) Клечовце доби нов духовен симбол – осветен крстот на Ајдарово брдо
Во селото Клечовце, на местото Ајдарово брдо, се одржа осветување на крстот посветен на Рождество Христово, во присуство на голем број верници, жители и гости од околината. Чинот на осветување го извршија свештени лица од Кумановско-осоговската епархија.
Настанот започна во утринските часови, а присутните заеднички се помолија и запалија свеќи, одбележувајќи го поставувањето на овој значаен христијански симбол. Крстот беше подигнат со заеднички труд, донации и поддршка од мештаните, како и од мајсторите кои учествуваа во неговата изградба.
Организаторите упатија благодарност до сите кои придонеле за реализацијата на ова дело, истакнувајќи дека крстот ќе биде чувар и благослов за селото и идните поколенија.
