(ФОТО) Да го украсиме домот божји: Донирај за фрескоживопис на храмот „Света Недела“
Започнат е фрескопис на новоподигнат храм посветен на Света Великомаченица Недела, при што од Храмот „Свети Архангел Михаил“ ги повикаа верниците кои се во можност да донираат за фрескописувањето домот божји.
„Браќа и сестри, ве известуваме дека е започнат фрескописот на новоподигнатиот храм посветен на Света Великомаченица Недела.
Православни христијани, храмот е дом Божји, училиште на верата и благочестивиот живот на верниците. Храмот е видливо небо на земјата. Во него невидливо живее Самиот Бог, Создателот на небото и земјата. На ова свето место секогаш ќе биде присутен Господ Бог, ќе биде присутен во Светото Евангелие, кое ќе се чита на секоја Света Литургија. Ќе биде присутен во светиот крст, во светите икони, во светите фрески.
Нека Господ Бог ја засили љубовта наша кон ова светилиште. Во него ќе го најдеме она што никаде не можеме да го најдеме на друго место. Во ликовите на овие свети личности ќе го почувствувате духот, големината, чистотата делотворната – душевна и телесна, и убавината на нашата православна вера. Ќе се напојуваме со духот со кој се напојувале и вдахновувале светиите и безбројните борци и поборници, трудбеници и маченици за одбрана, опстој и сочувување на сѐ што му било скапо и свето на нашиот благочестив народ.
Секој кој сака да го помогне фрескописот може да се обрати лично во храмот или на
ж-сметка 300000002840875
цел на дознака ДОНАЦИЈА ЗА ФРЕСКОПИС ЗА СВ.НЕДЕЛА“, се вели во нивната објава.

