(ФОТО) Ќе се уредува дворот на храмот „Св. Илија“ во Агино Село
Црковниот одбор на „Св. Илија“ во Агино Село соопшти дека ќе се уредува дворот на светиот храм, односно ќе се постави бекатон, а потоа ќе се оформи зелена површина.
Целта на акцијата е да се добие поубав изглед и дворот ќе стане вистинско место за одмор и духовна релаксација.
„Ги повикуваме сите кои се во можност – секој кој сака и колку што може да помогне – вашата поддршка ќе биде од голема корист за побрзо остварување на нашата заедничка цел.
Со љубов, вера и заедништво, да го направиме дворот на Св. Илија во Агино Село место кое ќе нè обединува и ќе зрачи со духовна убавина и мир“, велат од црковниот одбор.
Црковен одбор Св.Илија Агино Село. Контакт доколку некој сака да помогне: Стефан 078-339-213.
