Sign In

Блог

Последни вести
(ФОТО) Откриен уникатен праисториски сад стар 3.200 години во Дојран на кој има нацртано сонце

(ФОТО) Откриен уникатен праисториски сад стар 3.200 години во Дојран на кој има нацртано сонце

Веќе некое се спроведуваат заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, каде што треба во иднина да се изгради Музеј на вода, преку реконструкција на праисториската наколна населба во Дојранското езеро.

Тимот археолози предводен од Зоран Рујак од Заводот и музеј во Струмица пронајде важен праисториски сад со соларна декорација.

Рујак објави дека ова е уникат и истиот бил пронајден за време на истражувањата на наколната населба во Дојран.

„Како поздрав на сонцето, денес, на денот на зимската краткодневница, се појави овој ексклузивен наод на фрагментиран керамички сад со врежано сонце со зраци, изработен пред 3200 години, од древните жители на бронзенодобската наколна населба Мрдаја, во водите на Дојранското Езеро“, објави Рујак.