Голем духовен настан во Иванковци: Осветување на новата црква „Света Троица“
Со голема свеченост и духовна радост, верниците од велешкото село Иванковци ќе бидат сведоци на осветувањето на новоизградената црква „Света Троица“. Настанот, кој се најавува како семакедонски и сеправославен собор, ќе се одржи викендов и се очекува да собере бројни верници од целата земја.
Свеченостите започнуваат во сабота, на 13 септември 2025 година, со Воскресна вечерна богослужба која ќе започне во 17:00 часот. Главниот дел од настанот следува во недела, на 14 септември. Во 08:30 часот ќе се одржи чинот на осветување на новата црква, а веднаш потоа, во 09:30 часот, ќе започне Архиерејската литургија. Со неа ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение со бројно свештенство од Повардарската епархија.
Новата црква „Света Троица“ претставува голем благослов за жителите на Иванковци.
Фото: Повардарска епархија