(Фото) Чудото со крстот во село Возарци
Во срцето на Тиквешијата, на северниот дел од територијата на Општина Кавадарци, се наоѓа селото Возарци. Сместено е покрај десниот брег на Црна Река, во непосредна близина на местото каде што започнува Тиквешкото Езеро – едно од највпечатливите и најзначајни водни богатства во овој регион.
Возарци е село со мирен дух и автентична традиција, но истовремено и со свежа духовна енергија. Над населеното место, на една возвишена кота, се издига голем крст кој доминира над пејзажот. Тој е симбол на верата, надежта и заедништвото на мештаните, а неговото присуство се чувствува како духовен белег на целата околина.
Неколку жители споделија со нас фотографии од крстот, објаснувајќи дека за нив тоа е вистинско чудо.
