(ФОТО+ВИДЕО) Симбол на верата и заедништвото: Поставен голем крст во Трубарево
Во скопското село Трубарево, во дворот на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, беше поставен голем крст кој стана ново верско и културно обележје за локалната заедница.
Македонскиот православен храм е осветен во 1982 година, а на ова место уште од турско време постоел крст, каде месното население секоја година се собирало за време на верскиот празник Ѓурѓовден.
За да се зачува и истакне ова традиционално свето место, кое со векови било центар за собирање на верниците, по иницијатива на локалното население била изградена црквата. Таа е поставена на локација каде, според верувањата, уште од најстари времиња луѓето се собирале за да го одбележат верскиот празник посветен на свети Ѓорѓи. Денес, просторот дополнително го краси и поставениот крст.

Фото: Taleski Martin
