Sign In

Блог

Последни вести
Да помогнеме: Манастирот „Св. Симеон“ ќе почне со доградба и проширување на конакот

Да помогнеме: Манастирот „Св. Симеон“ ќе почне со доградба и проширување на конакот

Манастирот „Св. Симеон“ во Мородвис почнува со доградба и проширување на конакот, односно планирано е да се изгради нов кат и да се прошири стариот дел со кујната.

Како што велат од црковниот одбор, планот е да се прошири манастирскиот конак со цел да може да се примат повеќе гости, верници и посетители на светиот храм.

Свети Симеон е селска црква во кочанското село, која е изградена и осветена во 1968 година од тогашниот Митрополит Злетовско-струмички Наум. Од 2001 до 2002 година е извршена и реконструкција на светиот храм со благослов на Митрополитот г. Агатангел.