Да изградиме Божји дом заедно: Потребна е помош за изградба на црквата „Св. Атанасиј Велики“
На 11 октомври беше поставен камен-темелник на новата црква „Св. Атанасиј Велики“ во селото Рамне, па секоја помош е добредојдена во изградбата на светиот храм.
Свечената верска служба се одржа со благослов на Митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, додека богослужбата ја водеше отец Горан, а досега во изградбата помагаат мештаните, верниците, но и други донатори.
Сепак, потребна е помош со цел да се изгради храмот кој ќе биде место каде што ќе живее верата, љубовта и надежта.
Контакти за донации:
070/391-017 Стевче
078/363-330 Илче
070/286-923 Душко
070/540-898 Стевчо
070/630-041 Зоран
078/268-174 Гоце

