Оваа црква ќе дели топол оброк за најранливите семејства од понеделник до сабота
Во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Петровец започнува хуманитарна иницијатива наменета за најранливите семејства.
Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и под покровителство на Скопската Православна Епархија, во црквата ќе биде отворен пункт од црковно-народната кујна, со кој од понеделник до сабота, ќе се обезбедува бесплатен топол оброк за семејствата во социјален ризик.
„Со благослов на Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г.Стефан, црковно народната кујна на Скопската Православна Епархија, отвара пункт во нашата црква Св. Вмч. Георгиј во Петровец, на која што секој ден од Понеделник до Сабота ќе се дели топол оброк за семејствата со социјален ризик од нашата парохија. Сите семејства кои што имаат потреба од ваков вид на помош (топол оброк) може да се пријават кај парохискиот свештеник отец Горан.Оброкот ќе се дели во садови за еднократна употреба и ќе се конзумира дома. Со Божји Благослов“, се вели во објавата.

Фото: Фото: Храм “Свети вмч.Георгиј Победоносец” с.Петровец
