(Видео) Осветен крстот на црквата „Св. Никола“ во село Ветерско
Во петок, на 19 септември 2025 година, во село Ветерско се одржа свечено осветување на крстот на црквата „Свети Никола“. Настанот започна во 10 часот, во присуство на бројни верници кои со молитва и радост го прославија овој значаен духовен чин.
Со благослов на неговото високо преосвештенство владиката Агатангел, осветувањето го изврши поп Димче. Во топлата атмосфера на вера и заедништво, присутните заедно упатија молитви за здравје, мир и благослов за целото село.
Овој настан претставува нова духовна светлина и поттик за верниците од Ветерско, кои уште еднаш потврдија дека верата и традицијата се темел на заедничкиот живот.