(Видео) Осветување на храмот „Св. Злата Мегленска“ во Сарај
На 14 септември 2025 година, кога православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година, во скопската населба Сарај беше осветен новиот храм „Света Злата Мегленска“.
Со свечениот чин чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Георгиј. На Божествената литургија присуствуваа голем број верници, кои се причестија со Светите Христови Тајни.
Овој настан претставува значајно збогатување на духовниот живот во Сарај и поширокиот скопски регион, а новоосветениот храм ќе биде место за молитва, собирање и духовна утеха на православните верници.
Фото: Принтскрин/Aleksandar Aleksovski