(Фото) Поставен и осветен нов крст во месноста Свети Илија над Башино село
Во пресрет на големиот христијански празник посветен на светиот пророк Илија, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, свештеници од Велес извршија осветување на новопоставениот крст во месноста Свети Илија, која се наоѓа над селото Башино.
Крстот претставува симбол на верата и духовноста на жителите од овој крај, а е донација од г-дин Горан Шопов од Башино село, кој заедно со своето семејство ја искажа својата љубов кон црквата и традицијата со овој значаен чин.
Овој настан претставува уште еден сведоштво за живата вера на народот и неговата посветеност кон духовните вредности. Месноста Свети Илија, со новопоставениот крст, добива уште поголемо значење како место за молитва, собирање и благослов.
Фото: Повардарска епархија