Sign In

Блог

Последни вести
(ФОТО) Потребни се донации за реконструкција на храмот „Света Троица“ во Долно Лисиче

(ФОТО) Потребни се донации за реконструкција на храмот „Света Троица“ во Долно Лисиче

Комплетна реконструкција на кровната конструкција и фасадата на храмот „Света Троица“ во Долно Лисиче е започната на 1 ноември 2025 година, по иницијатива на црковниот одбор.

Поради внатрешно протекување и ризик од оштетување на фреските била донесена одлука за комплетна реконструкција која ќе ги опфати следните точки.

1. Поставување на нов поголем крст на кровот на Црквата.
2. Комплетно нов златен лим (старо злато) на куполата и олтарот, опшивки,олуци налик на новата камбанарија.
3. Нова кровна конструкција столарија и ќерамиди.
4. Нова фасада налик на новата камбанарија со кулир пласт цокле и Египетски камен на столбовите
5.Нови 19 прозори и една врата.
6. Поплочување на терасата кај олтарот од надвор и инокс ограда
7.Ново надворешно осветлување на Црквата

Верниците кои сакаат да помогнат, може тоа да го направат на трансакциската сметка која се наоѓа во објавата на официјалната фејсбук-страна на светиот храм.