Sign In

Блог

Последни вести
(Видео) Свето и лековито место: Преспал во црквата „Света Петка“ и се измил со вода, по што почнал да оди

(Видео) Свето и лековито место: Преспал во црквата „Света Петка“ и се измил со вода, по што почнал да оди

Душко Трајчев од селото Облешево уште од најрана возраст се соочил со тешка здравствена состојба – останал парализиран и ја изгубил способноста да оди, објави „М Нет Телевизија“.

Сѐ се променило еден ден, како што објави „М Нет Телевизија“, кога неговиот татко одлучил да го однесе во црквата „Света Петка“ во селото Видовиште. Таму Душко преноќил и се измил со водата за која мештаните веруваат дека е лековита. Чудесно, по тој настан, тој цврсто застанал на нозе и повторно проодел.

Од тогаш, па сѐ до денес, Трајчев со голема благодарност и убеденост ја споделува својата приказна со сите што ќе ја слушнат, нагласувајќи дека ова свето место има исцелителна моќ.

Извор: „М Нет Телевизија“.