Потребна е помош за Црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Кучково
Во црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Кучково во тек е изградба на ручална – простор кој ќе служи за собири, заеднички оброци и духовни активности на верниците и мештаните.
За жал, изградбата се соочува со финансиски потешкотии, особено во делот на обезбедување на градежен материјал. Затоа е упатен искрен повик до сите хумани и добронамерни луѓе, кои чувствуваат блискост со ова светилиште и со неговата мисија – да помогнат со донација, според своите можности.

Фото: Boban Pesevski