Скриено по уличките близу рампа во Кисела Вода, Pizza Spot е местото каде што италијанскиот вкус се среќава со македонскиот дух. Сопствениците со искуство од Италија и Словенија, сами го месат тестото, нешто измеѓу неаполитанско и поцврсто, идеално за нашиот македонски вкус.
Тука не добиваш само пица, туку и атмосфера. Просторот е топло уреден, цените се пристапни, а идејата е едноставна: да се ужива. Родендени, караоке, маалски собирања, сè е добредојдено.
Leave a Reply